ЛЕТО НА РАЈСКИОТОСТРОВ ЗАНЗИБАР
ГАРАНТИРАНИ МЕСТА !!
9 Ноќевања со појадок и вечера во SEA CLIFF RESORT & SPA 5*
+ авионски превоз + трансфер
Занзибар – дестинација која од секогаш претставувала спој на мистерија и егзотика, привлекувајќи со својата недопрена природа и плодната почва која дарува најразлични видови овошја и зачини.
Од моментот кога ќе зачекорите на Занзибар, ќе го почуствувате духот низ столетијата од древната Персија и приказните за Ширази трговците кои биле инспирација за морепловецот Синбад.
За повеќе од 2000 години, монсунските ветрови го обликувале пејзажот и културата на овие острови. Со својата тропска атмосфера и уникатна култура, овој архипелаг нуди искуство притоа задоволувајќи ги сите сетила. Волшебен, егзотичен, романтичен, но истовремено див и недопрен. Ова е еден од најегзотичните острови каде летуваат туристи од целиот свет.
Архипелагот Занзибар, кој се наоѓа во Индискиот Океан, на 40 километри од брегот на Танзанија, е вистинска дестинација за релаксација и бегство од секојдневието. Овде имате шанса да уживате во бистра и тиркизно сина вода, долги песочни плажи и многу мали но речиси пусти острови со недопрена природа, сеуште неоткриени од страна на туристите. Камениот град (Stone City) кој e прогласен за културно наследство на УНЕСКО, е место каде талкајќи низ тесните улички ќе ја откриете магијата на Танзанија.
ПАКЕТ ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ВО СУПЕРИОР СОБА
Хотел | Услуга | Термин | Цена по лице | Цена за 1-во дете | Цена за 2-ро дете |
Појадок и вечера | 11.07-22.07.2019 | 1520 € | 993 € | 1443 € |
Во цената на аранжманот е вклучено:
Во цената на аранжманот НЕ е вклучено:
ПРОГРАМА
1 ден 11.07.2019 (четврток) Скопје – Дубаи
Полетување од Скопје кон Дубаи во 13:55 часот со авио компанијата Fly Dubai (пријавување на шалетер 2 часа пред летот). Пристигнување на Интернационалниот аеродром во Дубаи во 20:50 часот.
2 ден 12.07.2019 (петок) Дубаи – Занзибар | Sea Cliff Resort & SPA (појадок и вечера)
Полетување од Дубаи кон Занзибар 02:40 часот. Пристигнување во Занзибар во 07:30 часот локално време. Пречек од страна на локалните партнери во Занзбира и трансфер до хотел Sea Cliff Resort & SPA. Сместување во хотел. Слободно време за индивидуални активности. Вечера во хотел. Ноќевање.
3 ден 13.07.2019 (сабота) Занзибар Sea Cliff Resort & SPA (појадок и вечера)
Појадок во хотел. Слободен ден за уживање на тропскиот остров или избор на факултативен излет. Вечера во хотел. Ноќевање.
4-10 ден 14.07-21.07.2019 | Занзибар Sea Cliff Resort & SPA (појадок и вечера)
Појадок во хотел. Слободно време за релаксација на песочните плажи или активностите од хотелот или факултативни излети. Вечера во хотел. Ноќевање.
11 ден 21.07.2019 (недела) Занзибар – Дубаи
Појадок во хотел. Слободно време за индивидуални активности до предвидениот трансфер кон аеродромот во Занзибар за лет кон Дубаи. Полетување кон Дубаи во 21:30 часот.
12 ден 22.07.2019 (понеделник) Дубаи – Скопје
Пристигнување на Интернационалниот аеродром во Дубаи во 04:25 часот. Полетување од Дубаи кон Скопје во 09:20 часот. Пристигнување на Меѓународниот аеродром во Скопје во 12:55 часот.
Информации за хотелот:
Хотелот Sea Cliff Resort & Spa се наоѓа на една од најубавите плажи – Мангапвани на западниот брег на островот Занзибар. Традиционалните покриви на макутите и прекрасните згради во Арапски стил изградени на карпа со поглед на Индискиот Океан се идеални за оние кои сакаат да ја истражуваат тропската убавина на Источна Африка. Природната боја е дополнета со антички мебел кој ја одразува античката историја на островот. Овој ресорт нуди спокој и убавина помеѓу тропски градини, разновидна кујна и професионални и гостопримливи домаќини.
Локација: Западен брег на Занзибар се прекрасен поглед на Индискиот океан . Оддалечен од сопствена плажа 150 метри. На 25 километри од аеродромот во Занзибар.
Ресторани/барови: “Mangapwani” ресторан со интернационална и локална храна, “Kobe” ресторан лоциран во близина на надворешните базени каде се служи ручек, 2 барови, 2 базени, лежалки и чадори покрај базен и на плажа (БЕСПЛАТНО)
Број на соби: 120
Опис на соби: Големина на соби околу 30 метри квадратни опремени со сопствен тоалет со туш кабина/када, фен, телевизор, телефон, интернет (БЕСПЛАТНО), минибар, апарат за кафе/чај, тавански вентилатор, мрежа за комарци и балкон/тераса.
Спортски активности (БЕСПЛАТНО): фитнес центар, билјард, пинг-понг, пикадо, велосипедизам, сквош, тенис, кајакарство, сурфање
Спортски активности (СО ДОПЛАТА): голф, јавање коњи, скијање на вода, нуркање.
Спа услуги (СО ДОПЛАТА): “Shwari SPA” со сауна и парна бања и масажа третмани.
Активности за деца (БЕСПЛАТНО): Детски клуб (03-12 години), базен за деца од 09-18 години.
Пансион: HB – појадок и вечера (вклучено во пакетот), ручек (со доплата), All Inclusive – се’ вклучено (со доплата).
Услови за резервација:
Уплата на депозит од 50% при резервација и целосна доплата најдоцна 45 дена пред реализација на аранжманот;
Понудата е валидна за минимум 16 пријавени патници;
За ова патување не се потребни медицински имунизации;
Туроператорот го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата;
Патничко осигурување.
Факултативни екскурзии:
Екскурзија до единствениот национален парк во Занзибар-Jozani National Park Tour – 84€ (5h)
Екскурзија Spice Tour 85 € (4h)
Екскурзија Mnemba Island Tour 80 € (8h)
Рокови за отказ на аранжманот од страна на корисниците на услугата и пенали:
над 60 денапред датумот на реализација се задржува износот на уплатениот депозит;
помеѓу 60-тиот и 20-тиот ден пред датумот на реализација се задржува 70% од вредноста на аранжманот;
помалку од 20 дена пред датумот на реализација се задржува 100% од вредноста на аранжманот.
*Цените се изразени во ЕUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR=62 MKD)