ВИЛА МЕРСИНИС – НЕОС МАРМАРАС
Вилата Мерсинис во Неос Мармарас на вториот крак Ситонија има се што Ви е потребно за вистински одмор: конфорни апартмани, двор со зеленило, простор за скара и вечерни седенки, паркинг, преубава плажа, мир, спокојство…Вилата е комплетно изолирана од градската врева; лоцирана е на само 3 км пред влезот во Неос Мармарас, во непосредна близина на кампот Castello и е оддалечена само 2 км од прочуената Lagomandra Beach.Совршена локација за летно уживање! Гостите кои ќе летуваат во вилата Мерсинис ќе ја користат плажата на кампот Castello која се наоѓа на само 150 метри од вилата. Во кампот секојдневно можете да пазарувате во мини маркетот, но и да ги користите услугите во ресторанот или да се рекреирате на спортските терени. Доколку сте без сопствено возило а имате потреба да го почуствувате пулсот на градот, автобуската постојка е на само 200 метри од вилата.
Вилата Мерсинис има шест пространи апартмани на приземје, прв и втор спрат кои имаат големи тераси со поглед во дворот или на локалниот пат кој води до Неос Мармарас. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел, кујни, купатила, телевизори и клима уреди чие користење е вклучено во цената. Апартманите се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
-10% попуст за целосна уплата до 01.03.2019
Вила Мерсинис – Неос Мармарас |
Термин: | Ноќевања: | 1/2+2 апартман | 1/2+3 апартман |
20.05-30.05.2019 | 10 | 9.300 ден (150 €) | 11.160 ден (180 €) |
30.05-09.06.2019 | 10 | 13.640 ден (220 €) | 15.500 ден (250 €) |
09.06-19.06.2019 | 10 | 19.840 ден (320 €) | 21.700 ден (350 €) |
19.06-29.06.2019 | 10 | 22.940 ден (370 €) | 24.800 ден (400 €) |
29.06-09.07.2019 | 10 | 29.140 ден (470 €) | 31.000 ден (500 €) |
09.07-19.07.2019 | 10 | 38.440 ден (620 €) | 40.300 ден (650 €) |
19.07-29.07.2019 | 10 | 38.440 ден (620 €) | 40.300 ден (650 €) |
29.07-08.08.2019 | 10 | 38.440 ден (620 €) | 40.300 ден (650 €) |
08.08-18.08.2019 | 10 | 38.440 ден (620 €) | 40.300 ден (650 €) |
18.08-28.08.2019 | 10 | 35.340 ден (570 €) | 37.200 ден (600 €) |
28.08-07.09.2019 | 10 | 27.900 ден (450 €) | 29.760 ден (480 €) |
07.09-17.09.2019 | 10 | 19.840 ден (320 €) | 21.700 ден (350 €) |
17.09-27.09.2019 | 10 | 13.640 ден (220 €) | 15.500 ден (250 €) |
Напомена:
- Цените во табелата се однесуваат за наем на цел апартман за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
- Организиран превоз од Скопје
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот спроти Меѓуградска автобуска станица.
- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра