ВИЛА МАРИА ПАСХАЛИДОУ- НЕА РОДА
Вилата Мариа Пасхалидоу е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со трoкреветни апартмани на прв и на втор спрат и со еден петкреветен апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.
-10% попуст за целосна уплата до 01.03.2019
Вила Мариа Пасхалидоу – Неа Рода |
Термин: | Ноќевања: | 1/3 апартман | 1/5 дуплекс апартман |
26.05-05.06.2019 | 10 | 14.260 ден (230 €) | 17.360 ден (280 €) |
05.06-15.06.2019 | 10 | 18.600 ден (300 €) | 21.700 ден (350 €) |
15.06-25.06.2019 | 10 | 21.700 ден (350 €) | 27.900 ден (450 €) |
25.06-05.07.2019 | 10 | 24.800 ден (400 €) | 34.100 ден (550 €) |
05.07-15.07.2019 | 10 | 27.900 ден (450 €) | 37.200 ден (600 €) |
15.07-25.07.2019 | 10 | 31.000 ден (500 €) | 40.300 ден (650 €) |
25.07-04.08.2019 | 10 | 31.000 ден (500 €) | 40.300 ден (650 €) |
04.08-14.08.2019 | 10 | 31.000 ден (500 €) | 40.300 ден (650 €) |
14.08-24.08.2019 | 10 | 31.000 ден (500 €) | 40.300 ден (650 €) |
24.08-03.09.2019 | 10 | 27.900 ден (450 €) | 34.100 ден (550 €) |
03.09-13.09.2019 | 10 | 21.700 ден (350 €) | 27.900 ден (450 €) |
13.09–23.09.2019 | 10 | 17.360 ден (280 €) | 23.560 ден (380 €) |
Напомена:
- Цените во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
- Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети
- Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
- Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
- Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс 62 денари!
- Организиран превоз од Скопје
- Тргнување од Скопје во 04.00 часот спроти Меѓуградска автобуска станица.
- Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра