Вила ЈУЛИАНОС – ИПСОС – КРФ
Вила Јулианос релативно новоградба, лоцирана во помирен дел на Ипсос – Крф, на 600м од плажата.Вила Јулианос располага со:Студија за 2 лица и Апартман за 4 лица дуплекс (со посебни спални).Сите се опремени со сопствена,физички одделена кујна и комплетно опремена (голем шпорет со рерна, тостер, голем фрижидер, чаши, филџани, лажици, вилушки, ножеви, ѓезве, тенџере) тоалет, балкон, wi-fi и клима (која не е вклучена во цената и се доплаќа кај самиот сопственик на вилата, 6 евра на ден)
Термин | Редовна цена | Попуст до 31.01 |
01.06 – 08.06.2019 | 119 eвра | 59 евра ПРОМО |
08.06 – 15.06.2019 | 119 евра | 69 eвра ПРОМО |
15.06 – 22.06.2019 | 119 евра | 79 евра ПРОМО |
22.06 – 29.06.2019 | 139 евра | 109 евра |
29.06 – 06.07.2019 | 159 евра | 125 евра |
06.07 – 13.07.2019 | 169 евра | 133 евра |
13.07 – 20.07.2019 | 209 евра | 165 евра |
20.07 – 27.07.2019 | 209 евра | 165 евра |
27.07 – 03.08.2019 | 209 евра | 165 евра |
03.08 – 10.08.2019 | 209 евра | 165 евра |
10.08 – 17.08.2019 | 209 евра | 165 евра |
17.08 – 24.08.2019 | 209 евра | 165 евра |
24.08– 31.08.2019 | 209 евра | 165 евра |
31.09 – 07.09.2019 | 139 евра | 99 евра |
07.09 – 14.09.2019 | 119 евра | 79 евра ПРОМО |
14.09 – 21.09.2019 | 119 евра | 69 евра ПРОМО |
21.09 – 28.09.2019 | 119 евра | 59 евра ПРОМО |
АРАНЖМАНОТ ЛЕТО НА КРФ ВКЛУЧУВА:
АРАНЖМАНОТ ЛЕТО НА КРФ НЕ ВКЛУЧУВА:
НАПОМЕНА:
*** За сите излети организирниот превоз ќе чека кај игралиштето, кое се наоѓа на 50 тина метри од вилата.
ЛЕТО НА КРФ 2019 – CORFU
Крф, мистично привлечен, спакуван во историски приказни, обоен од влијанија на најразлични цивилизации, кој фасцинира со природна убавина и освојува со искуства вредни за сечие сеќавање. Не случајно една од најпопуларните туристички дестинации за летување. Oстровот Крф, втор по големина во Јонското Море e познат како зелениот бисер на Медитеранот. Можеме до бескрај да ги опишуваме плажите кои ги има на број и по вкус за секого, кристално чистата вода која е во состав на секој отсликан пејзаж, богатиот ноќен живот, традиционалниот вкус на медитеранската клима и на локалните пијалаци како пиво од ѓумбир и ликерот kumquat. Но, поважно е да дознаете зошто за вас, Крф ќе биде идеалниот спој на одмор и забава правејќи го ова лето авантура што не смеете да ја пропуштите. И ова лето посетете го островот Крф. Ве очекуваме.
ГЛИФАДА
Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
ОСТРОВСКА ТУРА
Aко природниот рај има име тогаш на Крф тоа име е Палеокастрица, место богато со историја, богато со природна убавина и преубави плажи. Ладната и бистра вода се карактеристични за Палеокастрица која е најпопуларна меѓу нуркачите и истражувачите на морскиот свет.
Сидари пак е познато по легендарниот канал на љубовта, местото каде природата создала свои траги што ќе се најдат во сечиј фотоапарат. Фантастичните геолошки формации создадени од морето и сонцето ќе ве остават без здив.
ГРАДОТ КРФ
Крф е познат по специфичната архитектура, што е најзабележливо гледајќи го Листон – колонада преполна со кафулиња што се протега по самиот раб на Спинадата (плоштадот), парк со терен за крикет, неколку павиљони како и градското собрание. Неодамна реновираната палата на св. Михаил и Ѓорѓи која била дом на Британскиот гувернер, седиштето на Јонскиот сенат, како и родното место на Војводата од Единбург. Повеќе пати освојуван од разни култури, најмногу европски. Затоа може да кажеме дека овој прекрасен град пред се има шмек на Лондон, Париз и Венеција.
КРСТАРЕЊЕ
Излет со брод со вклучен ручек, целодневно шармантно и релаксирано крстарење по североисточниот брег на Крф. Отпловувајќи од Ипсос, денот започнува со забавна музика, уживање во природата и посетување на многу интересни и преубави места: пештера стара 200 години, рибарско гратче Касиопи со 300 години стара тврдина, плажата Лумнопула која во превод значи мало езеро и која има прекрасна зеленкасто тиркизна боја како и попатни интересни информации за островот. Убава можност да се види природната граница на Јонското и Јадранското море која впечатливо е отцртана со зеленкаста боја, плажите на Албанија како и по некој делфин подготвен за фотографирање.
АКВАПАРК
Аквапаркот на Крф е една од нај посетените туристички атракции како и меѓу најдобрите водни паркови во Европа. Покрај многубројните базени, тобогани, ресторани, терени, мрзливата река и други атракции овој аква парк располага и со тобоган кој има 50 метри слободен пад, рај за жедните за адреналин.
BLUE LAGOON И СИВОТА
Излет со брод со вклучен ручек, целодневно и релаксирано крстарење. Крстарење околу малото пристаниште во селото Сивота и можност за посета на големиот број продавници. Посета на blue lagoon (сината лагуна) со јасно кристална вода, каде е снимен истоимениот филм. Посета на историската морска пештера Papanikolis.
Бавно крстарење околу многу мали живописни островчиња и убава можност за разладување во преубавата тиркизна вода.
ПАКСОС, АНТИПАКСОС И СИНИТЕ ПЕШТЕРИ
Овој брод за крстарење ќе ве однесе до прекрасните острови Паксос и Антипаксос, два острова кои изобилуваат со бујно зеленило и егзотична вода. Отпловување од пристаништето на Крф каде што се пружа единствен поглед на стариот град со венецијанска архитектура и двете тврдини. Се плови кон јужниот дел на островот при што се приоѓа на зелениот остров на Паксос, покриен со маслинови и зимзелени дрва. Посета на Сините Пештери на Паксос. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии. По Сините Пештери, се продолжува кон малиот остров Антипаксос. Прекрасна можност за пливање, уживање во песочните плажи на Антипаксос и релаксирање под топлото сонце.
По Антипаксос, се упатуваме кон главниот остров Паксос. Влегуваме во пристаништето на Gaios (Гаиос) каде се минува низ островите Panagia (Богородица) и Agios Nikolaos (Свети Никола). Прекрасна можност за прошетка низ прекрасните тесни улички како и ручек во еден од традиционалните таверни со поглед на море.