Рим 8-ми март
Рим, не бил изграден во еден ден – и ќе ви треба повеќе од еден ден да го доживеете овој безвременски град . Вистински колаж на плоштади, пазари на отворено и неверојатни историски локалитети. Скоро 3.000 години глобално влијателна уметност, архитектура и култура… Античките рушевини, Форумот и Колосеумот, ја прикажуваат моќта на поранешната Римска империја… Ватикан, седиштето на Римокатоличката црква, со базиликата на Свети Петар и музеите на Ватикан, во кои се сместени ремек-делата на Микеланџело… Фонтана Ди Треви и фрлена паричка за среќа… Шпанските скали…
Вечниот град – РИМ
Авион / 4 дена / 3 ноќевања
14 Март СКОПЈЕ – РИМ
Состанок на групата на аеродром Александар Велики во 11:40 часот. Лет за Рим во 13:15 часот. Слетување во Рим во 15.00 часот. Автобус за трасфер за до Рим не пречекува на аеродромот Чампио… Пристигнувањер во центарот на Рим, каде не чека локален водич и започнува панорамско разгледување на градот (околу 4часа): Плоштадот Дел Пополо, Виа Дел Корсо, Плоштадот Венеција со споменикот на Виктор Емануеле, мостовите на Тибар, Палатата на Правдата, Тврдината Сан Ангело, Црквата Св. Петар… Трансфер до хотел и сместување. Вечерта слободно време да украдете дел од културата на италијанците…пица, паста, вино, кафе, сладолед… Ноќевање.
15 Март РИМ – ВАТИКАН – ТИВОЛИ
Појадок. Препорачуваме факултативна посета на паркот Тиволи со прекрасната Вила Д’Есте – е најубавиот пример и симбол на италијанската ренесанса, заштитена од УНЕСКО како Светско културно наследство. Вилата е позната по прекрасните фонтани кои се вистински уметнички дела. Во попладневните часови препорачуваме факултативна посета на Ватикан: Ватиканските музеи со восхутивачките колекции на слики, скулптури, стари мапи…, Систинска капела чиј свод е украсен од Микеланџело и најголемата Црква Св. Петар…. Слободно попладне. Ноќевање.
16 Март РИМ
Појадок. Организирана прошетка низ центарот на Рим, уживање во убавините на градот: Шпанските скали, познати како “дневна соба на градот”, Фонтаната Ди Треви и легендата за фрлање паричка за повторно враќање во Рим, Пантеон, прекрасниот плоштад Кампидољо, Римскиот Форум, Колосеумот, Црквата Св. Климент… Пауза за ручек. Прошетката продолжува по боемскиот кварт Транстевере. Во вечерните часови враќање во хотел со локален превоз. Ноќевање.
17 Март РИМ – СКОПЈЕ
Појадок. Слободно време за прошетки и шопинг. Организиран трансфер до аеродромот Чампино. Полетување за Скопје во 15.30 часот. Пристигнување во Скопје во 17.05 часот.
Цена за уплати до 20.01:
249 евра (15.440,00 мкд)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
299 евра (18.538,00 мкд)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНА:
Начини на плаќање:
Општи напомени за патување: