Порто и Лисабон – Велигден
Лисабон – Главен и најголем град во Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција: Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт, Плоштадот Комерцио, Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Порто – Втор град по големина во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Познат по виното, кое што го носи истото име, како и по својата историја, туристичките атракции и бројните кафулиња, ноќните клубови, кои го прават градот вибрантен
ПОРТО и ЛИСАБОН
Авион – 7 дена / 6 ноќевања
26 Април СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ
Состанок на аеродромот во Скопје во 18:30часот. Полетување за Истанбул во 20:55 часот. Слетување во Истанбул во23:30 часот (по локално време). Организиран трансфер до хотел, сместување. Ноќевање.
27 Април ИСТАНБУЛ-ПОРТО
Појадок. Трансфер од хотел до аеродром во Истанбул. Летот за Порто е во 11:55 часот. Слетување на аеродромот во Порто во 14:55 часот (по локално време). Трансфер до хотел, сместување. Слободна вечер за прошетка низ Порто. Ноќевање.
28 Април ПОРТО
Појадок. По појадокот заминуваме за разглед на Порто. Втор град по големина во Португалија, лоциран во северниот дел, град кој полека но сигурно го зазема своето место на еден од најпосетените туристички градови во Европа. Познат по виното, кое што го носи истото име, како и по својата историја, туристичките атракции и бројните кафулиња, ноќните клубови, кои го прават градот вибрантен.
Посета на најстариот кварт Рибериа, кој е светско наследство под заштита на УНЕСКО, лоциран на ридот на градот, со поглед кон реката Дуро, посета на црквата Сан Франциско од 14 век која е главна атракција изградена во готички стил со позлатени резби, Авенијата Алиадос, Палатата Бурзе , прекрасен неокласичен споменик (изграден од 1842 до 1910 година)… Разгледот продолжува со попатна посета на локална винарија и дегустација на познатото португалско вино. Ноќевање.
29 Април ПОРТО – ЛИСАБОН
Појадок. По појадокот одјвување од хотел и заминување кон Лисабон. Организиран трансфер до Лисабон со попатна посета на Фатима и Куимбра. Иако во минатото Фатима преставувала село, денес е важен центар на аџилак на католишките верници Името го добива по муслиманската принцеза Фатима, која што била грабната од христијанските сили и христијанизирана на сила. Коимбра, четвртиот најголем урбан ценатар во Португаилја (по Лисабон, Порто и Брера), кој се протега долж реката Мондего. Покрај големиот број на историски знаменитости од посебно значење е Универзитетот Коимбра, најстарата академска институција во Португалија, основана во 1290. година, во минатото имал и свој сопствен суд и затвор за студенти и професори кој се наоѓал под библиотеката. Пристигнување во Лисабон. Сместување во хотел. Ноќевање.
30 Април ЛИСАБОН – ПАРК НА НАЦИИ
Појадок. По појадокот разглед на главниот и најголемиот град на Португалија, кој совршено ја отсликува португалската култура, комбинација од модерна култура која сепак го задржува своето кулутрно наследство и традиција. Разглед на Плоштадот Маркиз де Помбала, авенија на Слободата, централниот Плоштад Росио, срцето на Лисабон, познат уште како и плоштад Педро IV, Плоштадот Рестауредорес со споменикот, кој е симбол на ослободувањето на Португалија од шпанската власт, Плоштадот Комерцио, Кулата Белем и Манасторот на Св.Жероним, кои преставуваат светско културно наследство под заштита на УНЕСКО. Разгледот продолжува со прошетка во квартот Парк на нациите, лоциран во источниот дел на градот изграден за потребите на ЕXPO ’98 последната најголема светска изложба во 20ти век, денес преставува футуристички архитектонски комплекс. Тоа е Комбинација на многубројни излошбени простори , привлецни шеталишта, најголемиот океанографски музеј, продавници и ресторани. Можност за возење со жичарата која овозможува спектакуларна глетка кон најдолгиот мост во Европа 17км ,,Васко де Гама”. Во попладневните часови препорачуваме прошетка во квартот Алфама. Тој преставува најстариот кварт во Лисабон и единствениот поштеден од катастрофалниот земјотрес во 1755, налик на прекрасен лавиринт со тесни калдрмени улици. Можност за возење со стариот трамвај до Катедралата и Замокот од каде ќе уживате во незаборавен поглед на централниот дел на Лисабон. Можност за посета на ресторан со традиционална португалска музика- Фадо. Ноќевање.
01 Мај ЛИСАБОН – СИНТРА – КАБО де РОКА – КАШКАИШ – ЕСТОРИЛ
Појадок. По појадокот организиран целодневен факултативен излет на околината на Лисабон. Прошетка до Синтра, кој поради својата пријатна клима во минатото преставувала летна резиденција на кралското семејство, истиот во 1955г. УНЕСКО го прогласува за културно светско наследство. Патувањето продолжува кон Кабо де Рока, кое е најзападната точка на континентална Европа. Неговите координати се впишани на камен, сместен на ‘рт длабоко во Атлантикот. Продожуваме кон Кашкаиш, шармантно гратче лоцирано на брегот на океанот, поврзано со Есторил, денес двата преставуваат монденски летувалишта познати по своите песочни плажи. Враќање во Лисабон. Можност за посета на шопинг центар. Ноќевање
02 Мај ЛИСАБОН – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и организиран трансфер до аеродром. Полетување за Скопје во 11:25 часот. Пристигнување во Скопје во 20:00 часот.
ЦЕНАТА за уплати до 28.02.2019:
699eур (43.340ден)
ЦЕНАТА на аранжманот:
779eур (48.300ден)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНА: