Барселона – Велигден
Барселона – булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани…
БАРСЕЛОНА
4 Дена / 3 ноќевања / Авион
26 Април СКОПЈЕ – БАРСЕЛОНА
Состанок на групата на аеродромот Александар Велики во 16:15 часот. Полетување за Барселона во 18:15 часот. Пристигнување во Барселона во 21:05 часот. Организиран трансфер до хотел. Сместување. Ноќевање.
27 Април БАРСЕЛОНА
Организиран панорамски разглед на градот: булеварот Дијагонал – главната авенија која Барселона ја дели на два блока источен и западен, готската Катедрала Саграда Фамилија, плоштадот Каталонија – централниот плоштад, точката каде стариот град се сретнува со новиот, во продолжение се протега зелената авенија Рамбла, споменикот на Колумбо, Олимпиското пристаниште, ридот Мон Жуик, Олимпискиот стадион и спортската палата, плоштадот Шпанија, прекрасните Магични фонтани… Можност за факултативна посета на Аквариумот – еден од најголемите и најубавите аквариуми во Европа. Слободно време за шопинг во познатиот шопинг центар Maremagnum. Ноќевање.
28 Април БАРСЕЛОНА (факултатива: Фигерас+Герона)
Појадок. Слободен ден за индивидуални активности, прошетки. Можност за факултативна посета на Фигерас со Герона – препорачуваме целодневна посета на Фигерас каде се наоѓа музејот на Салвадор Дали, што е предизвик за сите љубители на уметноста и оние кои сакаат да видат нешто потполно оригинално. Место во кое е роден и цел свој живот творел Дали, и насекаде може да се забележи Далиевото влијание. Сите негови дела прикажани на посебен начин и на посебно место ја прикажуваат неговата генијалност. Музејот во кој може да се види најголемата и најразновидната колекција, скулптури, 3Д колажи, како и приватно колекции на Дали од други уметници. Попатно на враќање посета на убавото, живописно градче Герона, кој се наоѓа на североисток на Шпанија непосредно до Француската граница. Прошетка низ историскиот центар на градот, неговата тврдина изградена како систем на одбрана во римскиот период, катедралата која се наоѓа во срцето на тврдината, колористичниот куќички на брегот на реката Onyar…. Ноќевање.
29 Април БАРСЕЛОНА
Појадок. Факултативно, препорачуваме посета на стадионот Камп Ноу, музејот на ФК Барселона – модерен интерактивен музеј со прекрасни аудио и визуелни приказни. Посета на Шпанското село кое ја обединува иприкажува разноликоста на архитектурата на Шпанија. Прошетката продолжува кон паркот “Гуел” – ремек дело на познатиот шпански архитект Антони Гауди, препознатлив по својата уникатност, денес е дел од листата на светското културно наследство под заштита на UNESCO. Можност за посета на видиковецот Тибидабо, кој нуди прекрасен поглед на градот. Трансфер до аеродром. Во 21:50 часот полетување за Скопје. Пристигнување во Скопје во 00:35 часот по полноќ.
Цена во предпродажба до 28.02.2019:
24.740,00 мкд (399 евра)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
27.840,00 мкд (449 евра)
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
НАПОМЕНИ: