info@mtravel.com.mk
Maksim Gorki 20, Skopje
+389 2 3125 334 | +389 70 320 511

АПАРТХОТЕЛ ЛАЗАРИДИС – НЕА РОДА

 

 

На околу 150 метри од плажата, во мирниот дел на Неа Рода на третиот крак Атос се наоѓа хотелот од апартмански тип Лазаридис во кој располагаме со двокреветни и трокреветни студија (со фотелја на расклопување) на високо приземје, прв и втор спрат. Сите сместувачки капацитети се опремени со мебел соодветен на хотелско сместување, мини кујна, телевизор  и клима уред чие користење е вклучено во цената. Студијата имаат сопствени купатила и пространи тераси со поглед на море. Сите сместувачки капацитети се опремени со постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со бојлери, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

Апартхотелот Лазаридис има рецепција, сеф, снек бар и прекрасна тераса која можат да ја користат гостите, а нуди и можност за хотелски појадок (со доплата на рецепција). До центарот на ова живописното приморско место имате десетина минути бавно пешачење, а доколку се одлучите да ги обиколите околните плажи, тогаш изборот задолжително нека биде на атрактивната плажа Voulitsa која уште на првата средба  ќе Ве остави без здив (се наоѓа во непосредна близина на хотелот). На 4,5 км. од хотелот пак се наоѓа фантастичната песочна плажа Komitsa, која токму заради својата раскошна убавина е на листата на светските културни богатства и е под заштита на УНЕСКО како подрачје со природна убавина.

 

-10% попуст за целосна уплата до 01.03.2019

Апартхотел ЛазаридисНеа Рода

Термин:

Ноќевања:

1/2  студио (море)

1/2+1 студио (море)

26.05-05.06.2019

10

11.160 ден (180 €)

13.640 ден (220 €)

05.06-15.06.2019

10

14.880 ден (240 €)

16.120 ден (260 €)

15.06-25.06.2019

10

19.220 ден (310 €)

20.460 ден (330 €)

25.06-05.07.2019

10

23.560 ден (380 €)

24.800 ден (400 €)

05.07-15.07.2019

10

27.900 ден (450 €)

29.140 ден (470 €)

15.07-25.07.2019

10

32.240 ден (520 €)

33.480 ден (540 €)

25.07-04.08.2019

10

32.240 ден (520 €)

33.480 ден (540 €)

04.08-14.08.2019

10

32.240 ден (520 €)

33.480 ден (540 €)

14.08-24.08.2019

10

32.240 ден (520 €)

33.480 ден (540 €)

24.08-03.09.2019

10

27.900 ден (450 €)

29.140 ден (470 €)

03.09-13.09.2019

10

23.560 ден (380 €)

24.800 ден (400 €)

13.0923.09.2019

10

17.360 ден (280 €)

18.600 ден (300 €)

 

 

Напомена:

 

  • Во студијата 1/2+1 можат да се сместат макимално 3 лица-двајца возрасни и дете до 12 години. Во овие студија невозможно е да се сместат 4 лица-двајца возрасни и две деца без оглед на возраста на децата.
  • Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Организиран превоз од Скопје
  • Тргнување од Скопје во 04.00 часот спроти Меѓуградска автобуска станица.
  • Цена на повратен билет –35 евра;деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 год.-25 евра